Реал Мадрид и Барселона се борат за талентиран Бразилец: Сега може да оди само во Дизниленд


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Ендрик Фелипе Мореира има само 15 години и тој е еден од најталентираните млади фудбалери во светот, па затоа го следат европските гиганти и планираат уште на лето да го обезбедат неговиот потпис, а меѓу фаворитите се Барселона и Реал Мадрид.

Со неколку спектакуларни голови во дресот на јуниорите на Палмеираш, Ендрик привлече внимание, но тренерот на првиот тим, Абел Фереира смета дека Бразилецот уште не е зрел да игра за првата екипа.

„Ако Палмеираш мисли дека треба да му купи билет за Дизниленд, тогаш тоа е во ред. Тоа му треба затоа што има 15 години. Да не брзаме. Тој еден ден ќе игра за сениорите, а сега мора да се развива со фудбалери на негови години“, вели Фереира.

Таткото Ендрик откри дека младиот Бразилец го обожава Кристијано Роналдо, па поради тоа наводно поблиску е до потпис со Реал Мадрид.