Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Шпанецот Чаби Алонсо ужива во своето време на клупата на Баер Леверкузен со кој минатата сезона направи одличен резултат.
По неверојатната сезона што ја имаше, стигнаа неколку понуди на неговата адреса, а најгласни беа Ливерпул и Баерн од Минхен.
Сепак, тогаш Чаби Алонсо одлучи да донесе одлука да остане уште една сезона во Баер Леверкузен, и ги одби понудите кои стигнаа на неговата адреса.
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид секогаш одлуките ги носеше со својата глава, а не со своето срце, и тоа продолжува да го прави и во тренерската работа.
Иако многу странски медиуми тврдеа дека Чаби Алонсо има договор со Реал Мадрид, тоа го демантираше од неговиот менаџер Инаки Ибанез.
„Никогаш немаше никакви преговори со Реал Мадрид. Историјата се повторува една година подоцна. Не разговараме со нив и не сме разговарале со нив“, рече Инаки Ибанез за шпанска „Марка“.
Познато е и кога својата конечна одлука ќе ја соопшти Чаби Алонсо, а според тврдењата на новинарите на „Марка“ тоа ќе се случи во март следната година.