Реал Мадрид има договор со ПСЖ, но Рамос им ги расипува плановите!?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Шпанските медиуми објавија дека Серхио Рамос нема да се договори со Реал Мадрид за нова соработка и ќе го напушти шпанскиот шампион, а како негова следна дестинација се споменува Манчестер јунајтед, иако и ПСЖ е во игра.

„Кралевите“, наводно, се договориле со ПСЖ да не тргнат парижаните во преговори со Рамос додека не пропаднат и офицјиално преговорите меѓу Реал и Рамос.

Сепак, шпанските медиуми објавија дека агентот на Рамос следната недела ќе замине во Англија на последни преговори со „ѓаволите“ и ќе му договори преселба во Манчестер.

Рамос ќе си замине целосно бесплатно од Реал Мадрид, а наводно со „ѓаволите“ ќе потпише двегодишен договор и плата од 225.000 евра неделно, што е примамлива понуда за Шпанецот.