Реал Мадрид има непобедлив состав за следната сезона! (Фото)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Реал Мадрид не успеа да го ангажира Килијан Мбапе, но шпанскиот и европски шампион нема за што да жали затоа што има неверојатен состав за следната сезона.

„Кралевите“ досега се засилија со Орелиен Чуамени и Антонио Рудигер, а веќе се преговара и за уште неколку засилувања.

Реал е вистинска комбинација од младост и искуство, па така има фудбалери како Карим Бензема, Лука Модриќ, Давид Алаба, но и млади како Винисиус и Родриго.

Покрај младото бразилско дуо, во почетниот состав треба од следната сезона да заиграат и Чуамени и Едуардо Камавинга, па во продолжение може да погледнете како треба да изгледа тимот на тренерот Карло Анчелоти.