Реал Мадрид има неверојатна сума на пари подготвена за засилувања


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Шпанскиот и европски шампион Реал Мадрид има неверојатна сума на пари за засилувања во летниот преоден рок.

„Кралевите“ беа одлични во претходните години и финансиската состојба во тимот е стабилна, па летово ќе имаат 450 милиони евра за трошење.

Реал овие пари сакаше да ги искористи на Килијан Мбапе или Ерлинг Халанд, но на крајот остана со празни раце.

Шпанскиот првак сака да си купи талентирани фудбалери, па во моментов во завршни преговори се со Орелиан Чуамени од Монако, а веќе пристигна и Антонио Рудигер.

На листата со желби постојат многу имиња, но претседателот Флорентино Перез сака да ги инвестира на вистински начин.