Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанскиот гигант Реал Мадрид бара нов напаѓач на кој ќе му ја додели „деветката“, а како најсериозен кандидат се споменува Килијан Мбапе.
Флорентино Перез сака да го ангажира Мбапе, но засега ништо не е сигурно, а доколку не му успее идејата, тој има и алтернатива.
Каталонски „Спорт“ објави дека Перез се распрашувал и за Лаутаро Мартинез од Интер и наводно идната недела треба да одржат состанок.
Мартинез има 25 години и договор со Интер до 2026 година, а се шпекулира дека калчолигашот би се согласил да го продаде за 80 милиони евра.