Реал Мадрид има план: Во јануари ги сака Мбапе и две ѕвезди од Премиерлигата


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Реал Мадрид полека, но сигурно гради нова и талентирана екипа која треба да му донесе многу трофеи во иднина на клубот.

Пол Погба од Манчестер јунајтед, како и Антонио Рудигер од Челси треба да им се приклучат нја „кралевите“, освен Килијан Мбапе.

Погба и Рудигер имаат договори до крајот на сезоната со нивните тимови од Премиерлигата, па затоа се споменуваат како потенцијални засилувања за Реал Мадрид.

Шпанскиот новинар Алберто Переиро ги најави овие трансфери, иако засега не се почнати никакви преговори со ниту една од страните.

Трансферот на Мбапе во Мадрид е драма која трае долго време, а Французинот и сам минатото лето кажа дека сака да замине од ПСЖ, но не му беше дозволено да замине.