Реал Мадрид има предност пред Барселона каква што не се памети!


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа го совладаа Рајо Валјекано со 2-1 и така се вратија на врвот во лигата.

За разлика од нив, Барселона прокоцка 3-0 на гостувањето кај Селта Виго (3-3), а тоа му овозможи на Реал да создаде водство пред ривалот какво што немало од 1987 година.

Реал по 12 кола има 27 бода, два повеќе од Реал Сосиедад и три повеќе од Севиља, која има и меч помалку.

Интересно е тоа што Реал има 10 бода предност по 12 кола во однос на лутиот ривал, и тоа за првпат по 1987 година.

Реал е главен фаворит за титулата во првенството, додека во игра сѐ уште се и екипите на Атлетико Мадрид, Сосиедад и Севиља.