Реал Мадрид има само 20% шанса да ја освои титулата во Ла Лига


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид вчера успеа да освои само еден бод против Реал Сосиедад, иако до самиот финиш губеше со 0-1 од гостите.

„Кралевите“ се сопнаа кога најмалку требаше и повторно направија чекор назад во борбата за трофејот во Ла Лига.

Според статистиката, Реал има мали шанси да ја одбрани титулата, која ја освои минатата сезона. Тие во последните 50 сезони во Ла Лига, кога имаше најмалку четири порази во првите 24 кола, само 20% од случаите ја освојувале титулата.

Последен пат им успеа такво нешто во сезоната 2007/08.