Реал Мадрид има список со засилувања – шест ѕвезди за доминација во следната деценија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид бара засилувања за иднината, а медиумот „Марка“ пишува дека веќе е направен список со шест засилувања, кои ќе ги следи тимот во следниот период, а дел од нив би можеле да пристигнат во Ла Лига.

Во центар на внимание се фудбалери од средината на теренот, а причината за тоа е што Лука Модриќ, Тони Крос и Касемиро нема вечно да играат во Реал Мадрид. Екипата веќе го купи Едуардо Камавинга, но со него ќе бидат трпеливи и нема да брзаат.

Аурелиен Чуамени од Монако е фудбалер кој привлече внимание од „кралевите“, но и од останатите гиганти, а на листата на желби се наоѓа и Џуд Белингам од Борусија Дортмунд, кој е интересен и за Манчестер јунајтед.

Претседателот Флорентино Перез не го сака Пол Погба, но затоа го сака Рајан Гравенберг од Ајакс, додека скаутите ќе го следат и Весли Фофана.

Листата со познати имиња ја затвора Флоријан Вирц, кој сè уште нема 19 години, а веќе го носи дресот на Баер Леверкузен, кој нема намера да го продаде за помала сума од 70 милиони евра.

И на крајот, момче за кое ретко се пишуваше во медиумите е 15-годишниот Енрик, кој настапува за Палмеираш, а Реал Мадрид веќе е во преговори за да го добие неговиот потпис.

Реал Мадрид воедно работи и на трансфери на Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд за следното лето, а раководството сака да отвори простор во екипата со продажба на Герет Бејл, Марсело, Иско и уште неколку фудбалери.