Реал Мадрид има три опции за замена на Анчелоти


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека италијанскиот тренер Карло Анчелоти би можел да добие отказ ако не го освои Светското клупско првенство, а претседателот Флорентино Перез веќе пронашол три потенцијални кандидати за замена.

„Кралевите“ во финалето на натпреварувањето играат против Ал Хилал и Анчелоти ќе остане тренер само ако ја освои титулата.

Според медиумите, Анчелоти е во лош однос со управата на Реал Мадрид по поразот од Барселона во Суперкупот.

„Марка“ објави дека три кандидати постојат за замена на Анчелоти, а тоа се Раул, Чаби Алонсо и Алваро Арбелоа.