Реал Мадрид има ѕвер во екипата: Уште од Роналдињо никој вака не ги понижувал ривалите! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид вчера славеше со 1-0 против Атлетик Билбао со голот на Карим Бензема.

Меѓутоа, иако не постигна гол или асистенција, уште еден неверојатен натпревар одигра младиот бразилски фудбалер Винисиус Жуниор.

Овој 21-годишен фудбалер сезонава игра одлично, а во мечот против Атлетик Билбао уште еднаш покажа за каков мајстор станува збор.

Винисиус со своите потези со и без топка ги понижуваше противниците, кои немаа решение за Бразилецот.

Најмногу настрадаа Нико Вилијамс и Оскар де Маркос, за кои Винисиус немаше воопшто милост.

Уште од легендарниот Роналдињо и неговите магии никој вака не ги понижувал своите противници.