Реал Мадрид испрати понуда до Мбапе каква што може само да сонува во Париз


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските медиуми повторно пишуваат за иднината на Килијан Мбапе, кој има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, по што ќе се пресели најверојатно во Реал Мадрид.

ПСЖ, наводно, бил подготвен да му даде плата од милион евра неделно на Мбапе, но „кралевите“ ги надминале парижаните и му понудиле 1,2 милиони евра неделно.

Мбапе веќе почнал да бара дом во Шпанија, а ако потпише таков договор со „кралевите“, тогаш дефинитивно ќе стане најплатен фудбалер во светот.

Следното лето ќе биде ептен интересно затоа што ќе се случи можеби еден од најголемите трансфери, иако потврда за такво нешто се очекува уште по двомечот во Лига на шампиони на овие екипи.

Мбапе пристигна во Париз од Монако во 2017 година, а со парижаните дури четири пати беше шампион во Лига 1.