Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Младиот француски фудбалер Килијан Мбапе најверојатно ќе го засили Реал Мадрид до крајот на преодниот рок, а „кралевите“ веќе ја испратија првата понуда до Париз.
ПСЖ не сака да го загуби Мбапе целосно бесплатно наредното лето и поради тоа планира да го продаде до крајот на месецов, но првата понуда од „кралевите“ беше одбиена.
Реал испратил понуда од 160 милиони евра за Мбапе, но парижаните не сакале да ја прифатат и бараат повеќе пари според информациите на познатиот новинар Фабрицио Романо.
Во моментов се водат нови преговори, а францускиот медиум „Л’Екип“ открива дека ПСЖ сака дополнителни 40 милиони евра за Мбапе, односно сума од 200 милиони евра.
Двете екипи ќе продолжат со преговорите, а се очекува да се најдат на половина пат, односно Реал да плати 180 милиони евра за Мбапе.