Реал Мадрид испрати понуда за ѕвезда на Челси и веднаш доби одговор од Боели!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид долго време покажува интерес за услугите на Рис Џејмс од Челси, кој треба да го замени Карвахал, но сепак англискиот репрезентативец нема толку лесно да си замине од Лондон.

Џејмс е стандарден првотимец на Челси, па во моментов се наоѓа во одлична форма и се очекува да биде прв избор на селекторот на Англија, Герет Саутгејт на Мундијалот во Катар.

„Кралевите“ се обидоа да го купат уште минатото лето, но тогаш беше одбиена понудата на гигантот од главниот град на Шпанија.

Флорентино Перез не се откажува од намерата да го ангажира, но сепак Тод Боели не попушта и затоа потпиша договор со Џејмс до 2028 година и го направи најплатен дефанзивец во историјата на клубот.