Реал Мадрид „изгоре“ во пеколот на „Ванда Метрополитано“ (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид вечерва го доживеа првиот пораз оваа сезона, откако загуби во градското дерби против Атлетико Мадрид со 1-3 на „Ванда Метрополитано“.

По само четири минути Алваро Мората постигна гол за водство од 1-0, а набрзо Антоан Гризман го матира голманот на „кралевите“ за водство од 2-1.

Тони Крос ја врати надежта кај „кралскиот клуб“ откако погоди за 1-2, но екипата на Карло Анчелоти немаше сила за втор гол.

Мората на почетокот на второто полувреме постигна уште еден гол против Реал и така ја потврди победата на Атлетико од 3-1.

Реал со овој пораз падна до трето место со 15 бодови, односно има еден помалку зад Барселона и Жирона.