Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал Мадрид во текот на историјата трошеше многу пари и правеше спектакуларни трансфери. Тие претходно го купија Кристијано Роналдо за 94 милиони евра, а потоа и Герет Бејл за 101 милион.
Тука не запреа бидејќи за Еден Азар беа платени неверојатни 115 милиони евра, додека летово ќе потрошат уште повеќе, и тоа за Килијан Мбапе од ПСЖ.
„Марка“ објави дека Реал испратил понуда од 170 милиони евра плус 10 милиони за бонуси до ПСЖ за Мбапе, а се очекува понудата да биде прифатена од францускиот тим.
Со овој потег „кралевите“ ќе постават нов рекорд во нивната клупска историја и ќе го купат Мбапе за неверојатни 180 милиони евра.
Екипата од Париз за својата ѕвезда бараше 200 милиони евра, но јасно е дека нема да добијат подобра понуда од оваа на „кралевите“ во моментов.