Реал Мадрид ја „надмудри“ Барселона – го „краде“ соиграчот на Елмас!?


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Реал Мадрид, според шпанските медиуми, ја надмудрил Барселона и бил поблиску до потписот на фудбалерот на Наполи, Фабијан Руиз.

Руиз стигна во Наполи минатата година од Бетис за 30 милиони евра и сега е стандарден член на репрезентацијата на Шпанија поради што привлече внимание на себе од шпанските гиганти.

Досега беше познато дека Барселона е сериозно заинтересирана за него, но „Марка“ објави дека во трка влегол и Реал Мадрид.

„Кралевите“ сакаат да го искористат тоа што фудбалерот нема никаква клаузула и да се договори со Наполи и да го „украде“ пред Барселона.

Наскоро останува да видиме што ќе се случи и кој ќе го добие неговиот потпис.