Реал Мадрид ја најде замена за Мбапе во Милан, ама чини премногу!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе ги разочара сите во Реал Мадрид, откако реши да го продолжи договорот со ПСЖ до 2025 година.

„Кралевите“ останаа без одличниот напаѓач, па сега бараат негова замена, а изборот паднал на Рафаел Леао од Милан, но има еден проблем.

Леао беше прогласен за МВП во Серија А, откако ја заврши сезоната со 11 голови и 10 асистенции, па така му помогна на Милан да го освои Скудетото.

Португалецот има договор со Милан до 2024 година, но и откупна клаузула од 150 милиони евра, која ќе мора да ја активира Реал Мадрид.

„Кралскиот клуб“ се надева дека ќе може да ја намали цената барем малку, па првата понуда испратена до Милано е од 120 милиони евра.