Реал Мадрид ја најде замената за Модриќ: Перез „мерка“ фудбалер од Серија А


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез на лето ќе се обиде да го ангажира Николо Барела, кој треба да бие замена за Лука Модриќ.

Модриќ докажа со неговите игри дека е важен за „кралевите“, но веќе има 35 години, па шпанскиот тим смета дека е време да побара замена.

„Диарио Гол“ објави дека претседателот на Реал на лето ќе се обиде да го купи Барела, кој летово го засили Интер за 27,7 милиони евра од Каљари.

Стандардниот италијански репрезентативец според шпанските медиуми би можел да пристигне уште летово и тоа за сума од 70 милиони евра.

Барела сезонава за Интер одигра 43 меча, а притоа постигна три гола и 11 асистенции.