Реал Мадрид ја објасни лошата форма на Винисиус


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Бразилецот Винисиус Жуниор не игра добро на почетокот на сезоната и тоа почна да буди незадоволство кај навивачите.

Винисиус постигна само еден гол на првите четири меча во Ла Лига, а клубот смета дека Бразилецот ја загубил концентрацијата поради шпекулациите дека ќе се пресели во Саудиска Арабија.

Во медиумите се шпекулираше дека бразилскиот репрезентативец добил понуда од Ал-Ахли вредна неверојатни 350 милиони евра годишно.

Винисиус исто така направи проблем откако кажа дека во Шпанија постои расизам и државата треба да остане без организација на Светското првенство во 2030 година.