Реал Мадрид ја одреди сумата за Хамес, сега ќе има повеќе заинтересирани тимови


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


„Марка“ пренесува дека од таборот на Реал Мадрид ја одредиле цената за Хамес Родригез кој по секоја цена сака да си оди од „Бернабеу“ ова лето.

„Кралевите“ ќе го пуштат колумбискиот репрезентативец за сума од „само“ 22 милиони фунти иако претходно бараа многу повеќе.

Хамес Родригез се поврзува со трансфер во Атлетико Мадрид кој во моментов е најблиску до неговиот потпис, а за него се интересираат и Евертон, Манчестер Јунајтед, Арсенал и Вулверхемптон.