Реал Мадрид ја победи конкуренцијата и доби еден од најталентираните фудбалери


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Француските медиуми објавија дека Реал Мадрид се договорил со Монако за трансфер на талентираниот Орелиан Чуамени.

„Кралевите“ ја загубија битката за Килијан Мбапе, па тргнаа по алтернативни решенија и сега сакаат да ги завршат трансферите што е можно побрзо.

Овој 22-годишен фудбалер одигра 35 меча минатата сезона за „кнезовите“ и притоа постигна три гола, а има и осум настапи за француската репрезентација.

Чуамени веќе ги договорил личните услови со „кралскиот клуб“, а последните информации се дека Монако ја прифатил понудата од 80 милиони евра.