Реал Мадрид ја реши судбината на двајца екстра-талентирани фудбалери!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид реши две важни прашања за следната сезона. потвдено е дека двајцата фудаблери за кои многумина сметаат дека во моментов без проблеми може да играат во првиот тим, сепак остануваат на позајмици.

Мартин Одегард уште една сезона ќе остане во Реал Сосиедад, каде што играше одлично пред пандемијата.

Што се однесува до Јапонецот Кубо, него Зинедин Зидан размислуваше да го врати сезонава, но проблемот е пасошот, зашто тројца фудбалер кои доаѓаат надвор од Европската унија веќе се во клубот, а тоа се Милитао, Родриго и Винисиус.

Јапонецот ќе игра во Виљареал следната сезона, иако имаше понуди од Милан и неколку германски екипи.