Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Младата ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе кажа дека е време да добие поголема одговорност во Париз или можеби на некое друго место, па тие негови зборови беа протолкувани како да сака да го напушти францускиот шампион.
Оваа недела ПСЖ во Лигата на шампиони гостуваше кај Клуб Бриж, а Томас Тухел реши да го остави Мбапе на клупата, па го пушти да заигра дури во 52. минута, а Французинот одговори со хет-трик.
Мбапе и Тухел соработуваат 15 месеци, но не можат да се сложат, а тоа предизвика шпекулации дека младиот напаѓач сака да замине.
Според „АС“, Реал Мадрид ја следи ситуацијата во Париз, па би можел да го добие потписот на Французинот во некој од следните преодни рокови.