Реал Мадрид ќе добие голем француски талент целосно бесплатно?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид планира да го ангажира Рајан Шерки, кој следното лето ќе си замине бесплатно од Лион.

Овој 18-годишен фудбалер планира да го засили Реал Мадрид следното лето како бесплатен играч, а за него се смета дека е еден од најголемите таленти во Франција.

Шерки влезе во првиот тим на Лион во 2019 година, по што настапи на 63 меча за француската екипа и постигна девет голови, но и 10 асистенции.

Лион не успеа да му го продолжи договорот на Шерки, кој ќе остане до крајот на сезоната во екипата, по што треба да почне преговори со „кралевите“ за преселба во Мадрид.