Реал Мадрид ќе добие нови „галактикоси“: Перез следно лето носи три мега-ѕвезди!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во последниот ден од преодниот рок Реал Мадрид понуди 220 милиони евра за Килијан Мбапе, но ПСЖ остана на својот став и не го продаде францускиот напаѓач.

Тоа значи дека најверојатно Мбапе следното лето ќе потпише за „кралевите“ и тоа целосно бесплатно бидејќи има договор со ПСЖ кој важи уште една сезона.

„Марка“ тврди дека Реал ќе има уште најмалку 200 милиони евра за засилувања, а претседателот Флорентино Перез има јасен план за тоа каков тим сака да има следната сезона.

Желбата на Реал е да создаде напаѓачки тандем, кој би го предводеле Мбапе и Ерлинг Халанд, а најверојатно Норвежанецот ќе потпише за „кралевите“ за 100 милиони евра.

Но, тука Реал нема да запре туку сака да го купи и францускиот играч за врска Пол Погба од Манчестер јунајтед за кој ќе треба да се плати дополнителни 100 милиони евра.

Исто така, во екипата пристигна и Едуардо Камавинга, па со овие засилувања следната година Реал би бил ептен опасен за противниците.