Реал Мадрид ќе доживее голема промена во понеделник (Фото)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Европскиот и шпански шампион Реал Мадрид реши во новата сезона да влезе со интересна промена, па по 19 години повеќе нема да соработува со Ауди.

Ауди реши да се повлече од дел од клубовите, а еден од нив беше Реал Мадрид, па во иднина ќе му се посвети само на Баерн Минхен.

Реал, од друга страна, веќе си договори нов клупски спонзор, а тоа е ривалот на Ауди, БМВ кој од следната недела ќе го спонзорира шампионот.

Фудбалерите на Реал во иднина ќе ги возат автомобилите на БМВ, кој е европски лидер во продажба на луксузни автомобили.

БМВ во моментов е спонзор и на Милан, но нема дилема дека и Реал ќе биде голем предизвик за компанијата.