Реал Мадрид ќе ги прекрши сите правила, ама ќе го задржи Рамос!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Долго време се шпекулира за иднината на дефанзивецот Серхио Рамос, па имаше вести дека ќе се пресели во ПСЖ, кој му дозволил сам да ги бира деталите од неговиот договор, иако најновите информации од Шпанија се дека Шпанецот ќе остане во Реал Мадрид.

Капитенот на Реал Мадрид има договор до следното лето, па во моментов води преговори со управата за продолжување на соработката.

Претседателот Флорентино Перез се откажа од идејата да му нуди едногодишен договор, па сега ќе ги прекрши правилата и принципите на тимот и ќе му понуди двегодишна соработка.

„Кралевите“ вообичаено не нудат подолги договори од една сезона на фудбалери постари од 30 години, но овој пат ќе направат исклучок за нивниот капитен и еден од лидерите на шпанскиот шампион.