Реал Мадрид ќе го „спасува“ Белингам од операција


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Англискиот репрезентативец Џуд Белингам е главна ѕвезда на Реал Мадрид оваа сезона, но се повреди и поради тоа ги пропушти натпреварите против Брага и Валенсија.

Белингам, сепак, заигра против Кадиз меѓутоа чувствувал болки, па поради тоа се шпекулира дека треба да оди на операција.

„Мундо Депортиво“ објави дека Белингам носел заштитник на левото рамо, а тоа му помогнало да игра на потребното ниво, но тоа не е долгорочно решение.

Реал Мадрид ги разгледува опциите за да го спаси Белингам од операција, но тоа може да се случи до крајот на сезоната за да не пропушти важни дуели во битката за титулата.