Реал Мадрид ќе го замени Винисиус со отпишана ѕвезда на „ѓаволите“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед преговара со Реал Мадрид за позајмица на Ентони Марсијал, откако тренерот Ерик Тен Хаг кажа дека нема да смета на неговите услуги.

Марсијал веќе девет години го носи дресот на „ѓаволите“, а најдобрата сезона ја имаше во 2019/20 кога постигна 23 гола под водство на Оле Гунар Солшер.

„Кралевите“ наводно сакаат да го ангажираат на позајмица, со опција да го откупат на крајот на сезоната за само 15 милиони евра.

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти кажа дека нема повеќе трансфери ова лето, но шпекулациите продолжуваат за фудбалери кои се поврзуваат со преселба во „кралскиот клуб“.