Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал Мадрид планира целосна реконструкција на лето и нов опасен напад кој треба да биде страв и трепет за одбраните на останатите клубови.
Претседателот Флорентино Перез реши да се ослободи од некои фудбалери на крајот на сезоната, меѓу кои се Марсело, Герет Бејл и некои други.
Планирано е и продолжување на договорот за Лука Модриќ, кој најверојатно во шпанскиот гигант ќе остане уште една година, а потоа Перез ќе тргне по остварување на главната цел.
„Кралевите“ се убедени дека ќе го ангажираат Килијан Мбапе, зашто тој од следното лето ќе биде слободен играч и тие може да му понудат услови како никој друг тим во Европа.
Планот на Перез бил да се гради ново опасно трио во кое главен ќе биде Мбапе, а треба да му помогнат Карим Бензема и Винисиус Жуниор.