Реал Мадрид ќе игра ослабен во дербито против Атлетико


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид има проблеми со повреди во новата сезона, а пред дербито со Атлетико Мадрид пристигнаа информации дека се повредил уште еден играч.

Десниот бек Дани Карвахал ќе отсуствува поради посериозна повреда, а тој го пропушти и дуелот против Унион Берлин во Лигата на шампиони.

„Кралевите“ за дербито не може да сметаат ниту на бразилскиот фудбалер Винисиус, кој се рехабилитирал подобро од очекувањата, но нема да настапи против Атлетико, туку негово враќање на теренот се очекува в среда против Лас Палмас.