Реал Мадрид ќе им ги продолжи договорите на Рамос и Модриќ!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Долго време се шпекулира за иднината на Серхио Рамос и Лука Модриќ, кои се поврзуваа со различни екипи, но најновите информации од Шпанија се дека двајцата искусни фудбалери ќе останат во Реал Мадрид.

Пред крајот на 2020 година, „кралевите“ ќе им понудат нови соработки на Рамос и Модриќ, кои би останале во екипата уште неколку години, односно Шпанецот ќе остане уште две сезони, а Хрватот уште една најмалку.

Реал Мадрид влезе во одлична форма во последниот период, па сега се приклучија во борбата со Атлетико Мадрид за титулата, откако се израмнија по број на бодови со Атлетико Мадрид, но екипата на Диего Симеоне има одиграно два меча помалку.