Реал Мадрид ќе испрати 150 милиони евра плус напаѓач за Мбапе!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„АС“ пишува дека Реал Мадрид се подготвува за голем трансфер и подготвен е да му понуди на ПСЖ сума од 150 милиони евра за потписот на Килијан Мбапе.

Реал се надева дека ПСЖ ќе се согласи да го продаде Мбапе на лето, а освен 150 милиони евра планира да му го понуди и Лука Јовиќ, кој до крајот на сезоната најверојатно ќе игра на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт.

Сумата од 150 милиони евра „кралевите“ ќе се обидат да ја соберат пред продажба на неколку фудбалери, меѓу кои се Иско, Дани Себаљос, Герет Бејл, Марсело и Брахим Дијаз.