Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот гигант Реал Мадрид не заврши со засилувања, па планира наскоро да го ангажира наследникот на Хрватот Лука Модриќ, кој неодамна потпиша нов, едногодишен договор со шампионот.
„Кралскиот тим“ планира да го ангажира Џад Белингам од Борусија Дортмунд, иако веќе во екипата ги има Едуардо Камавинга и Орелиен Чуамени, а за услугите на Англичанецот се подготвени 90 милиони евра.
Претседателот на шпанскиот првак, Флорентино Перез планира да го купи Белингам од Дортмунд, по што ќе го остави на едногодишна позајмица во бундеслигашот.
Причината за тоа е што Реал Мадрид ги има исполнето сите места за фудбалери надвор од Европската унија (ЕУ), па ќе почекаат 12 месеци за да извадат пасоши дел од играчите.