Реал Мадрид ќе се засили од Минхен: Анчелоти „фрли мерак“ на фудбалер на Баерн


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид не знае за пораз во Ла Лига, а тренерот Карло Анчелоти веќе почнал да прави листа со желби за следниот период.

„Марка“ објави дека Реал Мадрид следи неколку фудбалери, а еден од нив е Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен.

Единствен проблем за „кралевите“ е тоа што Дејвис има договор до 2025 година со Баерн, па раководството на германскиот тим ќе сака многу пари за негов потпис.

Реал Мадрид претходно ги ангажира Тони Крос и Давид Алаба од Баерн, кои се покажаа како одлични засилувања.

Иако трансферот е тежок за реализација, сепак Реал ќе даде сè од себе за да го добие потписот на Дејвис.