Реал Мадрид ќе се засили од Жирона ако пропадне планот со Дејвис


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид сака да го ангажира Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен, но има и алтернативно решение ако им пропадне планот.

„Кралевите“ се заинтересирани за Јан Коуто од Жирона, кој најмногу го привлече вниманието на тренерот Карло Анчелоти.

Коуто оваа сезона одигра 21 меч во Ла Лига, а притоа постигна еден гол и седум асистенции, а неговата вредност се проценува на 12 милиони евра.