Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид во своите редови сака да донесе уште еден млад фудбалер од Бразил. Шпанските медиуми пишуваат дека гигантот планира да го купи Игор Гомеш од Сао Паоло.
Младиот фудбалер по својот стил на игра потсетува на легендарниот Рикардо Кака, а во Бразил го нарекуваат „новиот Кака“.
„Ако го споредувате со мене, само му ставате дополнителен притисок на грб. Ама вистина е дека некогаш ме потсетува на мене кога го гледам“, кажа и поранешниот фудбалер на Милан.
„Кралевите“ не тргнале официјално во трката по неговиот потпис, но внимателно ја следат ситуацијата и планираат да ја активираат неговата откупна клаузула од 50 милиони евра.
Барселона ќе им биде најголем ривал на „кралевите“ во битката за потписот на Гомеш.