Реал Мадрид летово краде две ѕвезди од Ливерпул


Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Веќе со месеци се пишува дека Реал Мадрид го сака Трент Александер-Арнолд од Ливерпул, но се чини дека тој не е единствениот играч на Црвените кој е на мета на кралскиот клуб.

На „Енфилд“ не отстапуваат од овој десен бек и се надеваат дека ќе го убедат да остане, но тој јасно порача дека ќе ја соопшти конечното решение дури на крајот од сезоната.

Затоа многумина веруваат дека ќе ги напушти „Црвените“ и дека веќе се договорил со Реал Мадрид.

Сепак, работите за Ливерпул стануваат полоши бидејќи се чини дека Александер-Арнолд не е единствениот кој „Кралевите“ се обидуваат да го доведат.

Се појави информација дека на мета на Реал Мадрид се наоѓа и францускиот дефанзивец Ибрахима Конате и дека „Кралевите“ ќе се обидат и него да го доведат летово.