„Реал Мадрид ми нудеше повеќе пари, но мојот сон беше да играм за Барселона“


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Екипата на Барселона го победи Реал Мадрид во битката за потписот на талентираниот фудбалер Пабло Торе, кој се пресели во редовите на каталонскиот тим.

Барселона за младиот фудбалер плати околу 20 милиони евра, а многу поважно за клубот е тоа што играчот ги избра Каталонците пред „кралевите“.

„Реал Мадрид ми нудеше повеќе пари од Барселона. Сепак, мојот сон од секогаш беше да играм за каталонскиот тим и да успеам“, кажа младиот фудбалер.

Торе во следните денови ќе ѝ се приклучи на Барселона и ќе игра за Б-тимот, но неговите настапи ќе ги следи и тренерот Чави Ернандез.