Реал Мадрид може да го добие Мбапе под еден услов


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сагата за Килијан Мбапе и неговиот трансфер во Реал Мадрид сè уште е актуелна, а новинарот Жулиен Лорен објави свое сценарио за тоа како може Французинот да се пресели во Мадрид.

Мбапе се врати на тренинзите на ПСЖ, откако претходно одби да потпише нов договор со парижаните, но сè уште сака трансфер во Мадрид.

„Доколку Мбапе потпише за Реал ова лето, ќе треба да се откаже од многу пари. За 2024 година има договорено бонус од 130 милиони евра. Единствен начин за трансфер е Реал да испрати огромна понуда до ПСЖ и дел од оваа сума да му ја даде на Мбапе. Реал ќе мора да испрати астрономска понуда до парижаните, зашто во спротивно нема да се реализира трансферот ова лето“, објави новинарот.