Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Килијан Мбапе минатото лето ја направи трансформацијата од Пари Сен Жермен во Реал Мадрид, а по освојувањето на Интерконтиненталниот куп даде изјава што привлече големо внимание.
Француската ѕвезда беше еден од главните херои во натпреварот, постигнувајќи еден од трите гола на „Кралевите“ во финалето, кое за него беше второ откако го облече дресот на шпанскиот гигант.
„Моите седум години во ПСЖ беа огромна чест за мене. Можеби тоа досега не сум го кажал јасно, но секогаш бев свесен за величината на тој клуб,“ изјави Мбапе и додаде:
„Често сум велел дека ПСЖ е најголемиот клуб во Франција и еден од најдобрите во светот. Но, пристигнувањето во Реал Мадрид за мене значеше исполнување на детскиот сон. Ова отсекогаш било единствениот клуб кој го замислував како следен чекор во мојата кариера.“
Тој потенцираше дека доколку не се реализираше трансферот во Реал Мадрид, ќе останел верен на ПСЖ до крајот на својата кариера:
„Секогаш сум мечтаел да играм за Реал и сега сум неизмерно среќен што успеав да го остварам тоа. Да не можев да потпишам за овој клуб, ќе останев во ПСЖ, бидејќи го почитувам длабоко. Но, Реал Мадрид беше мојот конечен избор и целта кон која отсекогаш тежнеев.