Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Винисиус Жуниор има договор со Реал Мадрид до 2024 година, но Реал Мадрид на крајот на оваа сезона ќе му понуди нова соработка.
Бразилецот игра многу добро во дресот на „кралевите“, но има мала плата, па за да се спречи незадоволство кај фудбалерот, Реал реши да му понуди нов договор.
Шпанските медиуми објавија дека Винисиус заработува три милиони евра годишно, а тоа е малку за таков фудбалер, па сега „кралевите“ му нудат двојно поголема плата.
Тоа значи дека Бразилецот ќе заработува шест милиони евра ако го потпише договорот, додека во истиот ќе има откупна клаузула од дури милијарда евра и тоа е најголемата клаузула во историјата на тимот.