Реал Мадрид му нуди мега-трампа на ПСЖ: Три ѕвезди во замена за Нејмар!?


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Нејмар дефинитивно ќе го напушти ПСЖ во следниот период, а засега Барселона и Реал Мадрид се борат за неговиот потпис, што значи дека Бразилецот најверојатно ќе се врати во Шпанија.

Каталонците го понудија Филипе Кутињо плус 100 милиони евра, но ПСЖ не ја прифатиле понудата зашто го сакале талентираниот Осман Дембеле.

Сепак, нивните планови може да ги расипе Реал Мадрид, кој нуди дури три ѕвезди во замена за Бразилецот.

„Кралевите“ се подготвени во Париз да ги испратат Иско, Рафаел Варан и Марсело, а засега не е познато дали ПСЖ ќе ја прифати нивната понуда.

Во секој случај, преговорите за иднината на Нејмар продолжуваат и наскоро се очекува решение.