Реал Мадрид му оддаде последен поздрав на поранешниот претседател, Амансио Амаро


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид вечерва од 21 часот игра против Ливерпул во осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), а утрово пристигна тажна вест бидејќи починал Амансио Амаро Варела, почесниот претседател на тимот.

Поранешниот фудбалер на Реал имал 83 години, а го носел дресот на екипата од 1962 до 1975 година, при што постигнал 155 гола на 471 натпревар.

Од 1984 до 1985 година бил претседател на „кралевите“, а шпанскиот гигант се збогува од него со емотивно видео.