Реал Мадрид му постави ултиматум на Мбапе – ова му е последна шанса!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Килијан Мбапе во јануари би можел да договори трансфер во Реал Мадрид, односно тоа би била неговата последна шанса во кариерата за да потпише за шпанскиот гигант, пишува „Атлетик“.

„Кралевите“ му поставиле ултиматум на младиот француски напаѓач, кој од 1 јануари ќе може слободно да преговара со други тимови затоа што има договор со ПСЖ до крај на сезоната.

Последен пат кога „кралскиот клуб“ се обиде да го ангажира Мбапе, Французинот ги изигра и потпиша нова соработка со парижаните.

Флорентино Перез нема да дозволи повеќе никој да си игра со него, па затоа му поставил ултиматум на Мбапе.