Реал Мадрид му соопшти на еден фудбалер дека може слободно да замине во јануари


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид во моментов е на делба на првата позиција во Ла Лига со Жирона, а претседателот Флорентино Перез веќе е насочен кон јануарскиот преоден рок.

„АС“ пишува дека Перез веќе отпишал еден фудбалер, а станува збор за Брахим Дијаз кој е слободен да го напушти клубот во јануари.

Шпанскиот медиум пишуваше пред две недели дека Дијаз ги одбил сите понуди за позајмица во друг клуб затоа што сакал да се докаже кај „кралевите“.

Дијаз досега одигра 12 натпревари за Реал Мадрид откако се врати во Шпанија, но не импресионираше и затоа за него е отворена излетната врата во јануари.