Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот Бразилец Реиние Жесус на 19 јануари ќе потпише договор со Реал Мадрид, откако шпанскиот гигант постигнал договор со Фламенго за трансфер на младиот фудбалер.
Жесус мора да чека до 19 јануари за да наполни 18 години, но „Марка“ тврди дека сите детали се договорени и дека на крајот Фламенго ќе добие 30 милиони евра за трансферот.
Бразилскиот талент најпрво ќе мора да го покаже квалитетот во вториот тим на Реал, а потоа ќе треба да ја чека својата шанса во првиот состав кај тренерот Зинедин Зидан.
„Кралевите“ така продолжија да ангажираат талентирани играчи од Бразил, откако претходно во клубот ги ангажираат Винисиус и Родриго.