Реал Мадрид на готовс: Тотенхем ја одреди цената за Ериксен


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Ѕвездата на Тотенхем, Кристијан Ериксен ќе биде еден од најбараните фудбалери летово, откако веќе со години одлично настапува за лондонскиот гигант, па се очекува да потпише договор со некој друг клуб.

„Дејли Мирор“ пишува дека Тотенхем одредил цена за својата ѕвезда, па кој сака да ја купи, ќе мора да плати најмалку 150 милиони евра. Износ, кој може да си го дозволат неколку клубови, како што е Реал Мадрид, кој е ептен заинтересиран за услугите на Данецот.

Ериксен има договор со Тотенхем до наредната година, а засега не е познато дали ќе му биде продолжена соработката, поради што летниот преоден рок е последната шанса за лондонскот тим да заработу пари на 27-годишниот фудбалер.